More

    Денеска требало да се одржи конститутивната седница на Собранието на град Белград, но претседавачот Тома Фила најави дека нема услови за формирање на Собранието и дека граѓаните на Белград ќе излезат на нови избори

    spot_img

    Денеска требало да се одржи конститутивната седница на Собранието на град Белград, но претседавачот Тома Фила најави дека нема услови за формирање на Собранието и дека граѓаните на Белград ќе излезат на нови избори. Ова беше трет обид да се формира Собрание и да се потврди пратеничкиот мандат, пренесува Телеграф..

    Првиот обид беше на 19 февруари, но тогаш немаше кворум. Истото сценарио се повтори и пред два дена. Фила со денешната седница претседаваше како најстар пратеник.

    Фила на почетокот на седницата рече дека нема кворум и дека не се исполнети условите за конституирање на градскиот парламент.

    – Како што ви кажав – избори – рече Фила и ја заврши седницата.

    Во Собранието денеска пристигнаа претставници на групата „Србија против насилството“, предводена од носителите на листите Добриќ Веселиновиќ и Владимир Обрадовиќ. Тие влегоа во фоајето и истакнаа транспаренти на кои пишуваше „Кражбата нема да помине“, „Белград нема да ве прифати“ и „Сите сте фантоми“.

    Советниците и членовите на коалицијата „Србија против насилството“ оценија дека фактот што СНС и СПС не успеаја да формираат влада за првпат по 10 години, претставува пораз на претседателот Александар Вучиќ.

    Српската влада сега ќе назначи привремено тело кое ќе се грижи за градот. Претседателот на Националното собрание мора да распише нови избори во текот на следниот месец. Новите избори мора да се одржат во рок од 45 до 60 дена од денот на објавувањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img