More

    Гордана Силјановска Давкова со огромно мнозинство на делегати е избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на партиската изборна Конвенција која денеска се одржа во салата на Филхармонија во Скопје

    spot_img

    Гордана Силјановска Давкова со огромно мнозинство на делегати е избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на партиската изборна Конвенција која денеска се одржа во салата на Филхармонија во Скопје.

    Од 448 делегати кои гласале, 444 гласале за кандидатурата на Силјановска-Давкова. Друг кандидат немаше.

    Силјановска Давкова се заблагодари за довербата и порача дека нема да ги разочара, дека ќе гради сојузи и ќе нема поделби.

    – Најпрво не очекував толку голем резултат, навистина многу ми значи довербата, од срце ви благодарам  – рече Гордана Силјановска Давкова.

    – Јас ве уверувам дека нема да ве засрамам. Јас ве уверувам дека ќе ги мерам зборовите. Ве уверувам дека ќе градам сојузи и сојузништва, дека ќе интегрирам, а нема да дезинтегрирам зашто поделбите ја доведоа  оваа држава да личи на гладијаторска арена. Нам ни треба пристојна, нормална па дури и досадна држава. Не егзотика. Доста бевме егзотични билки за светот и за Европската Унија. Во ЕУ треба да одиме со компатибилен политички систем, а него го нема без владеење на правото – рече кандидатката за претседател  на конвенцијата насловена „Важно е! Лидерство што носи промени”.

    Гордана Јанкулоска преку статус на Фејсбук ја поддржа нејзината кандидатура, а на Конвенцијата присуствуваа Јане Ченто и Горан Ангелов, двајцата осудени за 27 април.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img