Американската дизајнерка и модна икона Ајрис Апфел почина на 102 години, пишува „Би-Би-Си“.
Апфел својата слава ја достигна во 1980-тите и 1990-тите, но беше познато лице на модните недели во Париз повеќе од половина век. Самонаречената „геријатриска-старлета“ беше препознатлива по нејзината кратка бела коса, големи очила, светол кармин и нејзиниот накит, а нејзини клиенти беа Есте Лаудер и Грета Гарбо.
Веста за нејзината смрт беше објавена пред речиси три милиони следбеници на нејзиниот Инстаграм профил, со нејзината фотографија со огромните очила за гледање.
Апфел е родена во еврејско семејство во 1921 година. Таа студирала историја на уметност, а специјализирала внатрешен дизајн.
Со децении работела како внатрешен дизајнер, вклучително и на проекти за реставрација на Белата куќа, пред да стане инфлуенсерка во нејзините осумдесетти години и професионален модел на 97 години.
Таа никогаш не се пензионираше, и изјави: „Мислам дека пензионирањето на која било возраст е судбина полоша од смртта. Само затоа што се достигнува бројка не значи дека треба да застанете“.