More

    Државна матура на 1 и на 8 јуни – Ќе се полага во холовите или во спортските сали на училиштата

    spot_img

    Оваа учебна година државната матура наместо во училници ќе се полага во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање.

    Во голема просторија ќе има и повеќе тестатори така што оваа новина ќе овозможи подобра контрола на случувањата во текот на испитот и ќе оневозможи препишувања или масовно споделување на одговори, како што се случи минатата година во група на апликацијата Вибер на испитот по Англиски јазик.

    Целта на новиот начин на реализирање на испитите  е самостојно решавање на тестот и почитување на правилата за полагање кои постојат од воведувањето на државната матура во 2007 година (не е дозволено:  користење какви било дополнителни средства  – учебници, хартија, мобилни телефони и други електронски уреди,  консултација со другите матуранти, препишување, недолично однесување кон други лица во просторијата, пишување недолични знаци на тестот или текст кој го открива идентитетот и слично).

    – Очекуваме оваа промена да овозможи подобра работна атмосфера во текот на испитот и можност матурантите да го покажат своето објективно знаење, со што резултатите од матурата ќе бидат генерално поверодостојни – изјави за МИА Билјана Михајловска, директорка на Државниот испитен центар (ДИЦ) кој го организира и спроведува полагањето на државната матура.

    За предлозите за воведување блокатори на сигнали на мобилни телефони, директорката на ДИЦ вели дека без оглед дали во испитната просторијата има или нема блокатор,  матурантите воопшто не смеат да користат електронски уреди во текот на испитот, така што блокаторите би го спречиле користењето на мобилните телефони за препишување и споделување информации во ситуација кога тестаторот не го забележал или го игнорирал прекршувањето на правилата.

    – Државниот испитен центар смета дека би било добро да има блокатори, но, пред сѐ, очекува коректен однос и почитување на правилата – и од страна на матурантите, и од страна на тестаторите. Како институција не сме надлежни да ја донесеме одлуката за користење блокатори или да ги опремиме училиштата со таква опрема. Доколку се донесе таква одлука на повисоко ниво, секако дека ќе ја почитуваме и ќе направиме сѐ што е потребно за нејзино спроведување – изјави Михајловска.

    Двата екстерни испита од државната матура во јунската сесија оваа година ќе се полагаат на 1 јуни – задолжителниот испит (македонски јазик, албански јазик и турски јазик) и литература и на 8 јуни – изборниот испит (математика,  англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија и естетика).

    На веб-страницата за државната матура веќе се објавени збирки задачи и прашања за сите наставни предмети кои се полагаат на екстерните испити.

    За полагање на годинашната државна матура се пријавени 14 838 кандидати за испитот по македонски јазик и литература, 10 093 за албански јазик и литература, 4189 кандидати за турски јазик и литература. За вториот (изборен) екстерен испит пријавени се: 315 кандидати за математика, 13 199 за англиски јазик, 37 за француски јазик, 104 за германски јазик, двајца кандидати за руски јазик, еден за филозофија и 84 за естетика.

    ДИЦ е сѐ уште  во комуникација со средните училишта за утврдување на конечниот број на матуранти што ќе полагаат и можни се, вели Михајловска, сосема мали, занемарливи промени до крајот на процесот на потврдување на конечните податоци од страна на училиштата.

    Матурантите кои во јунската сесија нема да ја положат државната матура или не во целост ќе може да се пријават за августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 12 и 14 август 2024.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img