Поради сообраќајна несреќа, во прекин е сообраќајот на патниот правец Градско-Прилеп кај Плетвар, сооптија Авто-мото сојузот на Македонија и Центарот за управување со кризи.
„Прекин на сообраќајот поради сообраќајна несреќа, на патниот правец Градско-Прилеп, кај Плетвар, Сообраќајот е во прекин во двата правци од 14:15 часот“, информираат од ЦУК.
Според СМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.