„Ќе се обидам тебе таму горе да те направам среќен и горд“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Алексеј Навални, големиот критичар на Владимир Путин, беше погребан во Москва две недели по неговата смрт. Тој беше придружуван од илјадници Руси кои скадираа дека „Путин е убиец“, а полицијата почна да ги апси тие што го извикувале навредливи зборови за ррускиот претседател.

Откако ковчегот заврши под земја, се огласи сопругата на Навални, Јулија. Таа не е во Русија поради заканите дека и таа да биде уапсена и не се знае точно каде се наоѓа, се со цел да биде безбедна од какви било обиди за напади кои се карактеристични за актуелниот руски режим.

Во емотивна видео порака таа се прости од својот сопруг. Еве ги нејзините зборови во целост:

„Ти благодарам за 26 прекрасни години, ти благодарам за твојата љубов, што секогаш ме поддржуваш, што ме смееш дури и од затвор, што секогаш мислеше на мене. Не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам тебе таму горе да те направам среќен и горд. Не знам дали тоа можам да го поднесам, но ќе се обидам.

Сигурно ќе се сретнеме еден ден. Имам толку многу нераскажани приказни за тебе, и имам толку многу песни за тебе, глупави и смешни, генерално, да бидам искрен, страшни песни, но тие се за нас и навистина сакав да ги слушаш.

И навистина сакав да гледам како ги слушаш, како се насмевнуваш и потоа ме гушкаш. Те сакам засекогаш. Почивај во мир“ – вели Јулија Навална во емотивната проштална порака за својот сопруг.

Share This Article