Лажни смс-пораки за наводни вратени пратки од Пошта на Северна Македонија повторно стигнуваат до граѓаните

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Лажни смс-пораки за наводни вратени пратки од Пошта на Северна Македонија повторно стигнуваат до граѓаните. Ваквите пораки стигнуваа уште лани во октомври, а беа забележани и повеќе пати во јануари оваа година. Во пораката обично стои линк кој води до лажна веб страница.

Некои од смс-пораките стигнуваат со поштенски код од +995 кој е карактеристичен за Грузија, додека почетните бројки 568 укажуваат на мобилниот оператор со име „Cellfie“.

МВР преку медиумите информираше дека презема мерки за расчистување на случајот, апелирајќи до граѓаните да не наседнуваат на вакви измами и никако да не ги испраќаат своите лични податоци преку интернет.

„АД „Пошта на Северна Македонија“ не стои зад овие објави, а секое неовластено претставување во име на Пошта на Северна Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност. Единствено и официјално известување за достава на вашите пратки го вршат нашите пошторазнесувачи. Ви благодариме што го пријавувате секој неовластен обид за злоупотреба на Пошта“, велат од пошта.

На 5 јануари 2024, АД „Пошта на Северна Македонија“ јавно предупреди за „Лажни информации и злоупотреба на името на Пошта на Северна Македонија“ укажувајќи дека „граѓаните добиваат пораки на телефон со невистинита содржина“.

Претходно, на 27 ноември 2023 година Поштата предупреди за истиот тип смс-пораки.

И на 8 и 9 јануари 2024 година, повеќе медиуми известија за измамата преку лажни СМС пораки, како и дека стотици граѓани биле цел на оваа интернет измама. Некои граѓани станале жртви откако дале банкарски податоци на лажната страница, по што од нивните сметки биле вршени исплати по неколку стотици евра.

Share This Article