Војник на германски Бундесвер е осомничен дека убил четири лица во областа Ротенбург во Долна Саксонија пред да се предаде, соопштија денеска полицијата и обвинителството.
Меѓу убиените, чии тела беа пронајдени претходно во текот на денот, има и едно дете. Убиствата се извршени на две локации – во куќа во Вестервезеде во општината Шезел и во Ботел во областа Ротенбург.
Ангажирани беа голем број полицајци
Осомничениот сторител се предал по нападот синоќа и бил уапсен, соопштија истражителите. Полицијата соопшти дека приватен проблем „не може да се исклучи“ како мотив за злосторството.
Во истрагата биле ангажирани голем број полицајци.