Од денеска престанува да важи мерката за гарантирана цена на голем дел од прехранбените производи, безалкохолните пијалаци, а истекува и рокот на владината одлука со која беа намалени увозните давачки за зеленчукот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од денеска престанува да важи мерката за гарантирана цена на голем дел од прехранбените производи, безалкохолните пијалаци, а истекува и рокот на владината одлука со која беа намалени увозните давачки за зеленчукот.

Институциите најавија засилени контроли за да се интервенира во случај на драстично поскапување на производите, со оглед дека законот за нефер трговски практики, со кој се очекува да се амортизира состојбата, не е изгласан од пратениците.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во јануари во однос на јануари 2023 година, се зголемени за 3,2%, а на цените на мало за 2,8%.

Пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија покажуваат дека вредноста на синдикалната минимална кошница во февруари изнесува 57.476 денари, од кои 21.219 денари се потребни за храна, а потоа следуваат режиските трошоци – плаќање вода, електрична енергија и греење. Минималните трошоци на едно семејство во февруари годинава се зголемени за 313 денари во однос на јануари.

Share This Article