More

    Европската Унија воведува низа нови правила за возачите

    spot_img

    Воведување единствена дигитална возачка дозвола, задолжителни здравствени прегледи за возачите на секои 15 години, но и построги правила за младите возачи, како и тестови за возачи во кои е содржано возење во снежни и лизгави услови и самопроцена на возачката способност наместо систематски преглед при издавање и обнова на возачката дозвола. Ова се дел од новите правила за возачки дозволи за кои расправаше Европскиот парламент.

    Според предложените нови правила, возачите почетници ќе треба да поминат најмалку двегодишен пробен период во кој ќе подлежат на одредени ограничувања, возачките дозволи за мотоцикли, автомобили и трактори треба да важат 15 години, а за камиони и автобуси за 5 години.

    Од возачите ќе се бара самостојно да ги проценат своите физички и ментални способности при издавање или обновување на возачките дозволи и дека членките на ЕУ треба да одлучат дали сакаат да ја заменат таа самопроценка со лекарски преглед, вклучувајќи минимални стандарди за видот и проверки на кардиоваскуларната состојба.

    Ќе се воведе дигитална возачка дозвола која ќе биде достапна на мобилен телефон и ќе биде идентична со физичка возачка дозвола.

    Европратениците не го поддржаа предлогот на Комисијата за скратување на рокот на важност на возачките дозволи за постарите граѓани бидејќи сакаат да избегнат дискриминација и да им го гарантираат правото на слобода на движење и учество во економскиот и општествениот живот.

    За да се надомести недостигот од професионални возачи, претставниците одлучија да им овозможат на 18-годишниците да добијат дозвола за управување со камион или автобус со капацитет до 16 патници, со услов да поседуваат потврда за професионална способност. Во текстот се предлага и 17-годишниците да можат да добијат дозвола за управување со автомобил или камион, придружувани од искусен возач.

    Од возачите ќе се бара да бидат поподготвени за реални ситуации и свесни за ризиците, особено кога станува збор за ранливите групи во сообраќајот, како што се пешаците, децата, велосипедистите и корисниците на електрични скутери. Тоа ќе биде вметнато и во тестовите за возачка дозвола во кои ќе има и возење во снежни и лизгави услови, мртви точки, системи за помош на возачот, безбедно отворање на вратите на возилата за да не се загрозат другите учесници во сообраќајот.

    Задолжителните лекарски прегледи на секои 15 години се контроверзни, според дел од европратениците, кои сметаат дека се однесуваат само на возраста, а не на објективни здравствени проблеми, а особено ако тоа е единствениот начин да се види дали некој е способен да вози или не.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img