More

    Професор на медицина ги нашол парите и еве што им порачал на студентите

    spot_img

    Професор на Медицинскиот факултет во Ниш за време на испитот во јануарско-февруарската испитна сесија во индексите на неколку студенти нашол пари – 10 српски динари и 10 македонски денари. Првата помисла на пари во индекс асоцира на „мито“, но овој пат студентите ги ставиле 10-денарките и 10-динарките во индексот за да им носат среќа и 10-ки на испитите.

    Професорот Душан Милисављевиќ кој е познат ОРЛ доктор, студентската „амајлија“ ја објавил на својот профил на фејсбук со јасна порака за своите студенти.

    „Јануарско-февруарски испитен рок. Неколку индекси и банкноти од 10 динари и 10 денари во индекс. Велат, тоа е за среќа за да добијат 10-ки. Професорот им посакува среќа на сите, но за полагање на испит е потребно сериозно учење, а не суверение“ – напиша професорот Душан Милисављевиќ.

    Професорот за српскиот „Телеграф“ изјавил дека не е суеверен, но оваа ситуација му била симпатична.

    – Едниот студент доби 10-ка затоа што навистина знаеше на испитот и ја заслужи таа оценка, а другиот доби 8-ка. Не треба да се биде суеверен туку да се учи. Секако ми беше симпатично – вели д-р Милисављевиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img