Во градот Медисон во американската држава Висконсин температурата се намали за повеќе од 30 степени Целзиусови во рок од 24 часа, што е рекорден пад на температурата во САД, соопшти Националната метеоролошка служба (НБЦ).
Во вторникот, во Медисон беше сончево и температурата беше 21,1 Целзиусови степени, додека во средата наутро беше 11,7 степени под нулата, со што беше израмнет 113-годишниот рекорд за ненадејна промена на температурата на воздухот во САД.
Си-Би-Ес наведува дека историските податоци за температурата се нецелосни, па не може да се каже дали сепак ова е рекорд.
Според НБЦ, Висконсин овој месец имал невообичаено топла зима, а просечните температури овој и минатиот месец се движат околу 13 степени под нулата.