Доколку забележите промени на кожата кои претходно ги немало, не би било лошо да се консултирате со вашиот лекар. Ви пренесуваме осум ситуации кога изгледот на лицето може да укажува на проблем.
На пример, ако кожата или усните се суви, а исто така се лупат, тоа може да значи дека пиете премалку течност или дека страдате од дехидрација.
„Но, тоа може да биде и знак за многу посериозен здравствен проблем кој влијае на функцијата на потните жлезди, хипотироидизам, ниско ниво на тироидни хормони. Може да биде и дијабетес“, објаснува д-р Рошини Раџ, професор на Медицинскиот факултет на NYU.
Други знаци на хипотироидизам се чувството на студ, зголемување на телесната тежина и замор. Симптоми на дијабетес се екстремна жед, често мокрење, заматен вид…
Многу влакна, особено на вилицата, брадата и над горната усна, може да бидат показател за полицистични јајници, хормонална нерамнотежа во која има повисоко ниво на машки хормони, пренесува msn.com.
Жолти дамки на очните капаци
Пациентите кои имаат лезии исполнети со холестерол на очните капаци (наречени ксантелазма) може да бидат изложени на поголем ризик од срцеви заболувања.
Според една данска студија во која учествувале 13.000 пациенти, 4 отсто од нив имале такви дамки на очните капаци. Кај нив шансата да се развие стврднување на артериите била за 70 отсто поголема отколку кај другите кои немаат лезии. Тие, исто така, имаа 50 проценти поголеми шанси да добијат срцев удар во следните неколку децении.
Ќеси под очите
Подуени, уморни очи со вреќи под нив може да предупредат на хронични алергии кои ги прошируваат крвните садови.
„Во чувствителната кожа под очите, ова предизвикува отекување и темно виолетово-сини кругови“, забележува д-р Раџ.
Асиметрично лице
„Тоа може да биде еден од првите знаци на мозочен удар“, вели д-р Леана Вен, лекар за итни случаи на Универзитетот Џорџ Вашингтон. Тој додава дека пациентите често го опишуваат вака: „Се погледнав во огледало, а лицето ми изгледаше поинаку“.
„Може да забележите дека едната страна од лицето ви е вкочанета или да се чувствувате како да не можете целосно да се насмеете. Или можеби имате проблем да зборувате. Никогаш не ги игнорирајте овие знаци на мозочен удар“, забележува д-р Вен.
Промена на тенот
Дури и малите промени може да покажат дека нешто не е во ред.
„На пример, бледилото може да биде знак за анемија, жолтеникавата боја укажува на заболување на црниот дроб, а синиот тон на усните или ноктите може да укажува на болести на срцето или белите дробови – објаснува д-р Малика Маршал, интернист и педијатар во Општата болница во Масачусетс во САД.
Појавата на осип и дамки
Одредени дигестивни проблеми може да се појават како промени на кожата на лицето, вели д-р Раџ. Црвените испакнатини кои чешаат може да бидат знак за целијачна болест, автоимуно нарушување во кое телото реагира на глутен.
Осипот во форма на пеперутка над јаготките и носот може да биде знак за лупус – хронична автоимуна болест која влијае на кожата, зглобовите, бубрезите и црниот дроб. Осип на лицето може да предизвикаат и алергии, егзема и розацеа, како и одредени инфекции.
Брадата што паѓа
Ова, заедно со дебел врат и мала вилица, може да биде знак за апнеја – прекин на дишењето за време на спиењето, постојано десет секунди или повеќе. Доколку многу ‘рчите, се будите со главоболка или сте претерано уморни во текот на денот, проверете да го немате ова нарушување, пренесува 24сата.