More

    Судиите гневни на пратениците, бараат повлекување на законските измени

    spot_img

    Овој интервенционизам под плаштот на најдобриот општ интерес, преку таканареченото статус-кво на платите на судиите, замислен преку намалување на коефициентите како еден од основните сегменти за определување на личните примања на судиите, претставува директен атак врз судската независност и самостојност.

    Здружението на судии бара предлагачите да ги повлечат од дневен ред на Собранието предложените законски измени кои се однесуваат на платите на судиите и членовите на Судскиот совет.

    Управниот одбор на Здружението на судии (ЗСРСМ) денеска расправаше за најавените измени на Законот за плати на судии и Законот за плати на членовите на судски совет во скратена постапка, кои се на дневен ред на пленарна седница на Собранието.

    „Управниот одбор на Здружение на судиите смета дека е неприфатлив ваквиот нетранспарентен начин на работа и одлучување на Собранието на РСМ, без соодветна јавна дебата и вкучување на засегнатите страни, за уште еден од низата закони кои се однесуваат на судската власт како независна и самостојна власт.
    Управниот одбор на ЗСРСМ изразува загриженост за ваквиот пристап и во ова време, и ги повикува предлагачите да го повлечат Предлогот на закон за изменување на Законот за платите на судиите и Предлогот на закон за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет, со што ќе се овозможи поширока дебата и содветни консултации на националната и меѓународната регулатива, во која се востановени гаранции за постојаноста на платите на судиите, како легитимни и загарантирани очекувања.

    Овој интервенционизам под плаштот на најдобриот општ интерес, преку таканареченото статус – кво на платите на судиите, замислен преку намалување на коефициентите како еден од основните сегменти за определување на личните примања на судиите, претставува директен атак врз судската независност и самостојност, од причина што намалувањето на коефициентот за определување на платите на судиите претставува намалување на примањата како легитимини очекувања на судиите, спротивно на веќе воспоставените правни гаранции за платата на судиите и членовите на Судскиот совет на РСМ.

    Наместо очекуваното зголемување на коефициентот договорен низ шестгодишен дијалог на ЗСРСМ и Владата на РСМ, денес сме сведоци на суспендирање на договореното, сега веќе со образложение дека е обезбедено издржливо уставно решение.

    Од тие причини, уште еднаш го повикуваме предлагачот да ги повлече овие измени, со што ќе се евитираат непотребните трошоци по буџетот на државата, при евентуална реакција на судиите во соодветни судски постапки.

    Несогласувајќи се со овој пристап, Здружението на судиите ќе ги употреби сите можни правни и останати средства за суспензија на овие евентуални законски измени, кои ги доведуваат во прашање загарантирани лични примања на судиите“ – се вели во соопштението на ЗСРСМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img