Џафери ги изневери албанските универзитети, обвини албанската опозиција

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Шетајќи по албанските универзитети и давајќи помпезни изјави со фотографии од Фејсбук, Талат Џафери ги зголемува платите само за универзитетот каде што има помалку од 1 процент Албанци, односно „Свети Кирил и Методиј” во Скопје и тоа за ни помалку ни повеќе од 22 отсто, за месеците јануари и февруари, и близу 40 отсто по зголемувањето на минималната плата во март, реагираше албанската опозиција „Вреди“.

„За да биде иронијата уште поголема, министерот за образование и наука е Албанец, а воедно и министерот за финансии, а во меѓувреме, освен вревата што ја направи ДУИ дека доаѓа албанскиот премиер, на хоризонтот не се гледа позитивна промена. Според соопштението на Министерството за образование и наука, ова е почеток на исполнувањето на обврската на државата која произлегува од индивидуалниот колективен договор на оваа високообразовна институција потпишан на 29.12.2022 година, а кој ќе започне да се спроведува од 1.1.2024 година, и токму тука се крие вистината дека Талат Џафери како претседател на Собранието како основач на државните универзитети има потпишано договор само со УКИМ, а не со останатите 5 државни универзитети, а и како премиер игра исто оро, зборови за Албанците, а повисоки плати за Македонците“, соопшти Вреди.

Инаку, 5-те јавни универзитети Мајка Тереза, УТ, Штипскиот, Битолскиот и Охридскиот универзитет, како што е наведено во соопштениети, доставиле барање до новиот претседател на Собранието да ја исправи неправдата на Џафери и зголемувањето да важи и за 1300 вработени во овие универзитети, заедно со 3000 од УКИМ.

Share This Article