Пратениците од власта гласаа „против“ продолжување на важноста на старите пасоши

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Нема да има продолжување на важноста на пасошите кои не го содржат новото државно име „Северна Македонија“, бидејќи пратениците на СДСМ, ДУИ и на НСДСП денеска во Собранието гласаа против ваквата иницијатива.

Со ваквиот потег, обвинува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, дополнително ќе се влоши состојбата со пасошите.

– Денеска пратениците на ДУИ и нивните слуги од СДС дополнително ја влошија состојбата која свесно и намерно ја создадоа со пасошите. Нашиот предлог-закон за измени и дополнувања со кој баравме да се продолжи рокот на важење на пасошите издадени со име Република Македонија, а кои имаат важност, беше одбиен од тие што го создадоа проблемот. Одлепеноста од реалноста и несакањето да им се излезе пресрет на сопствените граѓани кои ги изолираа од останатиот цивилизиран свет е невиден феномен посебно имајќи во предвид дека сме членка на НАТО и сакаме да отпочнеме преговори со Европската Унија. Во 21 век, да ограничувате слобода на движење на луѓе, да кршите уставни права за влез и излез од сопствената држава, свесно да оневозможувате право на лекување на болни надвор од нашата држава, да го ограничувате правото на секој да може да бира и да биде избран се граничи со лудост. За здрав ум е несфатливо да имаш законска можност да им помогнеш на своите граѓани, да имаш шанса да исправиш проблем кој сам си го создал, притоа истото да нема никакви финансиски импликации, т.е. да не чини пари, и тоа да го одбиеш. Македонија ја води убедливо најлошата владејачка структура во историјата – порача Ковачки.

Реакција пристигна и од неговиот сопартиец и колега во Парламентот, Антонио Милошоски, кој на Фејсбук напиша дека СДСМ, ДУИ и НСДП оставија на цедило 600.000 македонски државјани на кои им е нарушено правото на слободно движење.

„Бранејќи ги грешките на Оливер Спасовски, пратениците на СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите издадени од МВР на Република Македонија. Со ова, за жал, СДСМ, ДУИ и НСДП оставија на цедило 600.000 македонски државјани на кои им е нарушено правото на слободно движење, а на голем дел со ова им се загрозени нивните работни дозволи во странство, документите за постојан престој, како и лекувањето или образованието надвор од Македонија. П.С. им благодариме на колегите пратеници
Бејџан Илјаз, Мирослав Јовановиќ, Павле Трајанов, Африм Гаши, Фадил Зендели, Изет Меџити, Сафие Шаини, Мерита Коџаџику и Муса Ибраими, кои гласаа ЗА и потребата на државјаните ја ставија пред ситно-партиските калкулации на власта“, напиша Милошоски на Фејсбук.

Share This Article