More

    Началник на британската армија ја открива состојбата на украинските сили

    spot_img

    Месеци ќе бидат потребни за Западот да испрати муниција и воена помош во Украина, а за тоа време Украина ќе може само да се брани, предупреди на конференција во Лондон началникот на британските вооружени сили, адмиралот Сер Тони Радкин.

    Според него Укранците би биле подготвени за нова контраофанзива најрано кон крајот на летото, односно на самитот на НАТО во јули. Тој ја истакна потребата од итна помош, пренесува Гардијан. Тој откри дека во НАТО се разговара за тоа како да се зајакне поддршката за Украина.

    Воениот лидер рече дека Украина се соочува со тешка ситуација на копно, каде што армијата нема муниција и залихи. Републиканците во Конгресот ја запреа испораката на американската помош, а Европа сè уште не го поправа недостатокот. Американскиот претседател Џо Бајден вчера во Белата куќа се сретна со лидерите на Конгресот. Тие разговараа за помошта за Украина. Водачот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер рече дека состанокот бил интензивен.

    Радакин рече дека Русија освојува мали територии, како што е источниот град Авдиевка, кој го освоија по пет месеци. Во нападите врз градот загинаа 17.000 Руси, а други 30.000 беа повредени.

    Жестоки борби сега се водат во близина на Часив Јар, друг град во регионот на Донбас, од каде што Украинците се повлекоа минатата година по падот на Бахмут.

    – Мислам дека оваа ситуација ќе трае барем уште неколку месеци – заклучи Радакин. Тој посочи дека Украина нема да може да започне контраофанзива до крајот на летото или, поверојатно, почетокот на следната година.

    Францускиот претседател Емануел Макрон завчера изјави дека не треба да се исклучи испраќањето војници во Украина, иако нагласи дека сојузниците не постигнале консензус за ова прашање. НАТО не одговори на неговиот коментар.

    Портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак изјави дека Велика Британија не планира да испрати војска, а тоа го кажаа и САД, Германија, Италија, Шпанија и некои други западни земји.

    Радакин рече и дека британското Министерство за одбрана не планира да воведе задолжителен воен рок.

    – Не сме на работ на војна со Русија. Не се соочуваме со инвазија. Никој во Министерството за одбрана не зборува за регрутирање во традиционална смисла на зборот – нагласи Радакин.

    Радакин тврди дека Русија е целосно окупирана од војната во Украина и дека таа не претставува воена закана за Британија или за источните членки на НАТО. Според него Русија може да претставува сериозна закана ако ги надополни резервите на тенкови, оклопни возила, ракети со долг дострел и артилерија и ако се повлече од долга и тешка војна, објасни Радакин.

    – Не велам дека Русија не е опасна. Таа тоа го покажа со агресија внатре и надвор од нејзината земја, но во исто време е многу помалку способна отколку што очекувавме – додаде адмиралот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img