More

    Продолжуваат пресметките меѓу Кавачки и Шкаљарски клан во Црна Гора

    spot_img

    Припадник на црногорска организирана криминална група е убиен во вторник наутро во црногорскиот пристанишен град Бар, по што полицијата го блокира градот и интензивно трага по еден или повеќе сторители.

    Според црногорските медиуми, Едмонд Мустафа бил убиен во мафијашка ликвидација, а убиецот избегал со мотоцикл. Црногорската полиција тврди дека привела едно лице кое, според медиумите, е блиско до криминалниот Шкаљарски клан, а кое, како што е соопштено, може да биде поврзано со убиството на Мустафа.

    Поради убиството на Мустафа, во Бар е уапсен извесен Дино Ибрахимовиќ, дознава телевизискиот канал Телевизија Е. Инаку, полицијата трагала по Ибрахимовиќ поради убиство на Шчепан Рогановиќ, исто така, доведуван во врска со криминалното милје во Црна Гора и во регионот.

    Медиумите во Подгорица потсетуваат дека убиениот Едмонд Мустафа веќе ѝ бил познат на црногорската јавност, кога на социјална мрежа под лажно име објавил дека знае поединости за подготвените и извршени ликвидации во Црна Гора. Тој тогаш, како што пренесува црногорскиот портал Стандард, пред Специјалното државно обвинителство покажал подготвеност да ги открие имињата на нарачателот и извршителот на дури 11 ликвидации во Црна Гора.

    Исто така, на крајот на минатата година се појавија информации дека Мустафа бил киднапиран и измачуван од полицајци, но тој ги демантираше овие наводи.

    Во војната меѓу црногорските криминални кланови, Кавачки и Шкалјарски, именувани по две села, која трае од 2014 година, убиени се повеќе од 50 лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img