More

    Австралиската полиција ги пронашла телата на поранешниот ТВ водител Џеси Берд и неговиот партнер Лук Дејвис кои наводно биле убиени од поранешното момче на водителот, полицаецот Боу Ламар-Кондон

    spot_img

    Австралиската полиција денеска ги пронашла телата на поранешниот ТВ водител Џеси Берд и неговиот партнер Лук Дејвис кои наводно биле убиени од поранешното момче на водителот, полицаецот Боу Ламар-Кондон.

    Полицијата соопшти дека Ламар-Кондон претходно денеска им дал информации кои ги довеле до телaтa пронајдени во рурална област на околу 200 километри југозападно од Сиднеј.

    – Уверени сме дека ги најдовме Лук и Џеси – изјави началникот на полицијата Карен Веб.

    Злосторството наводно било извршено во местото Падингтон каде бил пронајден куршум што одговарал на службениот пиштол на полицаецот заедно со значително количество крв и знаци на борба. Телата биле откриени на фарма во градот Бангонија, а полицијата пронашла облека со крв, телефон и кредитни картички во контејнер во Кронула на 28 километри од местото на злосторството.

    Ламар-Кондон минатата недела беше обвинет за двојното убиство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img