Топланата Скопје Север вчера е продадена за 350.000 евра. На берзанската аукција организирана на иницијатива на Комерцијална банка се продадени 77.414 обични акции што сочинуваат 99,98% од основната главнина на топланата.
Постигнатата цена по акција изнесува 278 денари за акција или во вкупен износ од 21.521.092 денари.
Продавач е Топлификација АД Скопје во стечај, а парите од реализираната јавна берзанска аукција, ќе станат дел од стечајната маса, која ќе се распореди меѓу доверителите.
Купувачот на оваа топлификација ќе се знае деновиве, откако официјално ќе заврши трансакцијата со уплата на 350.000 евра.
Ова е трет обид на продажба на топланата. Лани во септември беа понудени нејзините акции за вкупна цена од 605.000 евра или 482 денари за акција. Топланата се продаваше и во 2022 година кога акциите чинеа 780 денари за една акција, а вкупниот износ беше 980.000 евра.