Европскиот советот усвои Регулатива за инстантните плаќања со која на граѓаните и на компаниите ќе им биде овозможено да префрлаат пари на сметки во рок од 10 секунди во секој период од денот, вклучително и надвор од работното време, во која било земја членка на ЕУ и на Европската економска област.
– Новите правила ќе ја подобрат стратешката автономија на европскиот економски и финансиски сектор, бидејќи ќе помогнат да се намали секое прекумерно потпирање на финансиските институции и инфраструктури од трети земји. Подобрувањето на можностите за движење на паричните текови ќе донесе придобивки и за граѓаните и за компаниите и ќе овозможи иновативни услуги со додадена вредност – информира Советот на ЕУ.Инстат финасиските плаќања во евра ќе се вршат преку банките, кои за нив не смеат да наплаќаат надоместоци повисоки од трошоците за стандардните кредитни трансфери.
Регулативата е дел од мерките за заокружување на процесот за создавање на вистински единствен пазар на капиталот на ЕУ, чија цел е да се овозможи проток на инвестициите и заштедите низ сите земји членки на Унијата во интерес на граѓаните, бизнисите и инвеститорите.