More

    Еве како изгледа најновата листа која ја објави ДИК

    spot_img

    До бројката од 10.000 потписи потребни за учество на претседателските избори во земјава се доближуваат неколкумина кандидати, според најновите податоци објавени од страна на Државната изборна комисија.

    Прв кој дојде до потребниот број е кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, тој има 10.528 потписи.

    По него следува Максим Димитриевски, претседателскиот кандидат на ЗНАМ, кој се доближува до потребната бројка, односно има 8.400 потписи.

    На трето место според собраните потписи е Арбен Таравари, претседателскиот кандидат на здружената албанска опозиција кој има 7.496 собрани граѓански потписи.

    Четвртото место е за професорката Билјана Ванковска која е претседателската кандидатка на Левица, со собрани 6.237 потписи.

    Стевчо Јакимовски од ГРОМ на своето конто има 4.238 потписи и со тоа се наоѓа на петото место.

    Ова се и другите собрани потписи.

    Кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска немаат потреба од потписи, бидејќи во претседателската трка ќе влезат со 30 пратенички потписи.

    Но од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека Давкова ќе собира и потписи од граѓаните, а постојат најави и од СДСМ дека тие исто така ќе собираат потписи за нивниот кандидат, кој е и актуелен шеф на државата, Стево Пендаровски.

    Според информациите кои ги сподели ДИК, граѓаните својот потпис за поддршка на претседателските кандидат ќе може да го сторат до 8 март, секој ден, вклучително и сабота и недела во подрачните единици на Државната изборна комисија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img