More

    Американските сили ги уништија беспилотните летала и противбродските ракети на бунтовниците Хути

    spot_img

    Американските сили уништија беспилотни летала и противбродски крстаречки ракети на бунтовниците Хути во Јемен, соопшти денеска американската воена команда на Блискиот Исток (Центком).

    Уништени се три поморски беспилотни летала, противбродски крстосувачки ракетни системи и едно беспилотно летало подготвени за напади во Црвеното Море, се наведува во соопштението.

    Се додава дека беспилотните летала и ракетните системи се идентификувани во областите контролирани од јеменските бунтовници и претставуваат „непосредна закана“ за американските трговски и воени бродови.

    Хутите, со поддршка на Иран, од ноември извршуваат напади врз бродови за кои веруваат дека се поврзани со Израел.

    Тие тврдат дека дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа, каде Израел води војна против Хамас како одмазда за нападот на палестинското исламистичко движење на 7 октомври минатата година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img