More

    Бајден е оптимист дека брзо ќе биде постигнат договор

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изрази оптимизам дека нaскоро ќе се постигне нов прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас во војната во Газа.

    -Мојот советник за национална безбедност ми кажа дека сме блиску. Сè уште не сме готови. Се надевам дека ќе имаме прекин на огнот до следниот понеделник – рече Бајден.

    Катар, Египет и САД со недели се обидуваат да посредуваат за нов прекин на огнот меѓу Хамас и Израел во Газа, договор што треба да го олесни ослободувањето на израелските заложници кои сè уште се држат во крајбрежниот појас.

    Меѓутоа, неизвесно е дали меѓународните посредници ќе можат да го договорат прекинот на огнот до 10 март, кога почнува муслиманскиот пост Рамазан.

    Медиумите претходно објавија дека тешките преговори не напредуваат. Израелските телевизиски станици Канал 12 и Кан цитираа официјални лица дека преговарачката рамка предложена од посредниците сè уште не е компатибилна со барањата на Хамас.

    Хамас го обвини Израел дека ги блокира преговорите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img