На адресата на синот на Доналд Трамп синоќа пристигнало заканувачки писмо, а во пликот имало бел прав.
Како што пренесува NBC news, портпаролот на Трамп Јуниор го потврдил овој инцидент. Тој рече дека засега се верува дека белиот прав кој бил во пликот не бил смртоносен.
Според извештаите, пожарникари и истражители во заштитни одела биле на терен како мерка на претпазливост.
Сличен инцидент се случи и во 2018 година, кога сопругата на Трамп Јуниор заврши во болница откако отвори писмо во кое имаше и бел прав.