Одбележана годишнината од трагичната смрт на македонскиот претседател

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со положување свежо цвеќе на спомен-обележјето во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина, денеска беше одбележана 20-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател Борис Трајковски, членовите на делегацијата и екипажот на авионот.

На спомен-обележјето кај Ротимље каде што се случи несреќата, свежо цвеќе положија и претставници од владината делегација составена од: министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, и Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање, полковник Билјана Блажеска, претставник од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, пратеници од македонското Собрание, како и претставници од Армијата на Република Северна Македонија, ЕУФОР-БиХ.

– Oва спомен-обележје не е само паметник на трагичниот миг. Ова е потсетник за сите генерации дека Македонија имала и има доблесни и решителни луѓе кои следејќи ја својата визија, својот сон, имаа храброст да гледаат во иднината – рече министерката Костадиновска-Стојчевска во своето обраќање.

На Ротимље присуствуваа и оддадоа почит претставници на Претседателството и на Советот на министри на Босна и Херцеговина, претставници на Град Мостар и на Воздухопловството на БиХ, а се обрати и заменик-министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ивица Бошњак, кој рече дека претседателот Трајковски секогаш нудеше решенија и работеше на јакнење на односите и соработката во регионот.

– Токму поради тоа, и дваесет години по неговото трагично загинување со огромен респект се присетуваме на големиот пријател и жалиме што загубивме искрен заговорник на еден подобар, попросперитетен и стабилен регион – истакна Ивица Бошњак.

Со положување на цвеќе пред споменикот на поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски во Општина Струмица се одбележаа 20 години од неговата смрт. Владината делегација во Струмица ја предводеше Јованка Тренчевска, дополнителна заменик-министерка за труд и социјална политика.

На денешен ден, 26 февруари 2004 година, во авионска несреќа загинаа поранешниот претседател Борис Трајковски и осумчлената делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар. Покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија: портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот Марко Марковски и Бранко Ивановски.

 

Share This Article