More

    „Њујорк Тајмс“ открива како разузнавачите ја водат војната

    spot_img

    Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) одржува 12 тајни бази во Украина, долж границата со Русија, објави „Њујорк Тајмс“, цитирајќи повеќе од 200 интервјуа со сегашни и поранешни функционери во Украина, САД и Европа.

    Според опсежната анализа на весникот врските меѓу ЦИА и украинските служби почнале уште во 2014 година кога се случи војната на Крим и Русија го запоседна полуостровот. Всушност, според написот, врските меѓу разузнавачите биле држени во тајност речиси цела деценија.

    Помагале во 2014, во изборите во САД,…

    Според наводите, Украинците им се докажале на Американците како вредни партнери пред војната, со собирање на пресретнати податоци кои, како што се посочува, помогнале да се докаже руската вмешаност во соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година.

    Украинците, исто така, им помогнаа на Американците да ги гонат руските агенти кои наводно се мешале во претседателските избори во САД во 2016 година.

    Околу 2016 година, ЦИА започна со обука на елитните украински сили, Единицата 2245, која заплени руски дронови и комуникациска опрема за да можат техничарите на ЦИА да ги расклопат и да ги пробијат московските системи за шифрирање.

    Нова генерација шпиони тренирани од ЦИА

    Според „Њјујорк Тајмс“, еден од службениците од таа единица е началникот на воената разузнавачка служба – Кирило Буданов.

    Написот во весникот продолжува и се тврди дека ЦИА, исто така, помогнала во обуката на новата генерација украински шпиони кои работеле во Русија, Европа, Куба и места каде што Русите имаат големо присуство.

    „Сега овие разузнавачки мрежи се поважни од кога било, во време кога Русија е во офанзива, а Украина повеќе се потпира на саботажа и ракетни напади со долг дострел за кои се потребни шпиони зад непријателските линии. И тие се во голем ризик. Доколку републиканците во Конгресот ја прекинат воената помош за Киев, ЦИА можеби ќе треба да ја намали“, напиша „Њјујорк Тајмс“.

    фото: принтскрин Твитер

    ЦИА ги избриша американските црвени линии?

    Во обид да ги убеди украинските лидери, Вилијам Барнс, директорот на ЦИА, во четвртокот беше во тајна посета на Украина, негова 10-та посета од почетокот на рускиот напад. „Њјујорк Тајмс“ понатаму наведува дека партнерството меѓу ЦИА и Разузнавачката служба на Украина (ДИУ) започнало во 2014 година, кога поранешниот претседател Виктор Јанукович пребегнал во Русија.

    Оваа соработка била предложена од Валентин Наливаиченко, кој стана шеф на Службата за безбедност на Украина (ССУ). Американскиот закон им забранува на разузнавачките агенции да ѝ дадат на Украина каква било поддршка што би можело да се очекува да има „смртоносни последици“.

    Сепак, црвените линии никогаш не беа јасно дефинирани, што создаваше постојана тензија во партнерството.
    Во Киев, Наливаиченко избра долгогодишен помошник, генералот Валери Контратјук, да раководи со ДИУ и тие создадоа нова паравоена единица распоредена зад руските линии за да спроведува операции и да собира разузнавачки информации до кои ЦИА и МИ6 не можеа да пристапат.

    По инцидентот што се случи кога групата на Буданов влезе на Крим во 2016 година, Американците беа многу лути и се заканија дека ќе ја прекинат програмата.

    „Руска куќа“ е тајна коалција против Русија

    „Њјујорк Тајмс“ додава дека за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп, ЦИА и ДИУ ја проширија соработката за да вклучи специјализирани програми за обука и изградба на дополнителни тајни бази.

    Се додава дека односот бил толку успешен што ЦИА сакала да спроведе таков однос со другите европски разузнавачки служби кои делат заеднички интереси во конфронтација со Русија. Шефот на „Руската куќа“, одделот на ЦИА кој ги надгледува операциите против Русија во странство, организирал таен состанок во Хаг.

    Претставниците на ЦИА, британската МИ6, ДИУ, холандската служба и други агенции се согласија да ги соберат информациите што ги имаат за Русија. Како резултат на тоа, беше формирана тајна коалиција против Русија, а Украинците беа важни членови.

    „Русите ќе ве убијат“, рекол во солзи агент на МИ6

    Почнувајќи од ноември 2021 година, ЦИА и британската разузнавачка служба МИ6 испратиле пораки до нивните украински колеги дека Русија се подготвува за копнен напад, да ја собори украинската влада и да инсталира свој народ во Киев, кој ќе работи по налог на Кремљ. Во разузнавачките податоци ги имало имињата на украинските функционери кои Русите наводно планирале да ги убијат или фатат, како и Украинци кои Кремљ се надеваше дека ќе ги стави на власт.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски и некои од неговите главни советници „изгледаа незаинтересирани“, дури и откако директорот на ЦИА Барнс отпатува во Киев во јануари 2022 година за да ги информира.

    Како што се приближувал рускиот напад, претставници на ЦИА и МИ6 го посетиле Киев и се сретнаа со нивните украински колеги. Еден од функционерите на МИ6 се расплакал пред Украинците, плашејќи се дека Русите ќе ги убијат, наведува „Њјујорк Тајмс“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img