Од полноќ цената на горивата се намалува, соопшти Регулаторна комисија за енергетика.
Малопродажната цена на бензинот од 98 октани се намалува за 1 денар, а на бензинот од 95 октани и на дизелот за 0,50 денари по литар.
Новата цена на „еуросупер– 98“ ќе изнесува 84,50 денари, на „еуросупер – 95“, 82,50, а на дизелот 78 денари за литар.
За 1,50 денари се намалува цената и на маслото за домаќинствата и еден литар ќе чини 76 денари.
Поскапува и мазутот М-1 НС за 0,442 денари на 43,343 денари за килограм.