More

    Израел бомбардираше град во внатрешноста на Либан

    spot_img

    Израел денеска изврши најмалку два истовремени напади врз цели околу либанскиот град Баалбек, објави Ројтерс повикувајќи се на два безбедносни извори, што го означи првото израелско бомбардирање на источен Либан од избувнувањето на регионалните судири по почетокот на војната во Газа.

    Израелската војска соопшти дека „во моментов напаѓа терористички цели на Хезболах длабоко во Либан“, но не даде дополнителни детали. Вооружената група Хезболах, која е поддржана од Иран, не го коментираше инцидентот.
    Хезболах и израелската војска разменуваат оган долж јужната граница на Либан од октомври, кога Хезболах лансираше проектили кон Израел како поддршка на својот палестински сојузник Хамас, кој води војна против Тел Авив во Појасот Газа.

     

    – Израелските напади досега беа главно ограничени на јужната погранична провинција Либан, иако во изминатите неколку недели тие се проширија кон север. Денешниот бомбашки напад е проширување на кампањата на Израел кон внатрешноста на Либан – изјави извор од либанските безбедносни сили.

    Либанската телевизија Ал-Џадид објави снимка од облаци чад што се издигнуваат од дел од Баалбек. Областа околу Баалбек, во либанската долина Бека, е добро познато политичко упориште на Хезболах. Овој регион е познат  и по антички римски урнатини, а исто така е важен земјоделски и транспортен центар на Либан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img