Иако вообичаено се смета дека мажите го достигнуваат својот сексуален врв на 19 години, а жените само на 31 година, сексологот Ники Голдстајн го тврди спротивното.
„Најдобрата возраст е доцните дваесетти до средината на триесеттите и за мажи и за жени“, изјави таа за Дејли Меил.
„Додека сте помлади, сè уште сте фокусирани на кариерата, запознавајќи се себеси и вашето тело, додека во позрели години вашето тело работи против вас“, додаде таа.
Таа објасни дека во доцните дваесетти и раните триесетти сте доволно возрасни за да го знаете вашето тело и да го разберете вашиот партнер.
„Еден 19-годишен маж можеби ќе може подолго, но нема поим што прави“, вели Ники. Таа истакна дека и мажите и жените во триесеттите добиваат сексуална самодоверба.
„Иако нивото на тестостерон им опаѓа во четириесеттите, мажите тогаш стануваат посамоуверени. За повеќето луѓе сексот станува подобар со годините“, заклучи Ники и додаде дека уште една причина зошто ни се зголемува либидото во тие години е фактот што тогаш сексот е многу подобар, пишува Дејли Мејл.