Во центарот на Сараево утрово е фрлена експлозивна направа, потврди полицијата, пренесува Н1.
Портпаролката на МУП на кантонот Сараево, Мерсиха Новалиќ, соопшти дека уредот бил фрлен во раните утрински часови пред ресторан во центарот на градот.
„Утрово околу 04:15 часот ЈУ Центар е известено дека пред угостителски објект се случила експлозија на непозната експлозивна направа. Нема повредени лица – изјави Новалиќ за N1.
Истрагата сè уште е во тек, по што ќе се знаат повеќе информации за инцидентот што ги вознемири граѓаните на Сараево.
фото: Радио Сараево