More

    Нови измами на Македонци поврзани со експретседателот на САД

    spot_img

    По големата приказна дека претходните претседателски избори во САД, Доналд трамп ги добил со помош на велешани, сега, пред новите избори во Америка, велешани повторно мамат и заработуваат на интернет, со продавање „милионски“ картички кои би добиле на вредност кога Трамп ќе победи, открива Радио слободна Европа.

    Најновата „жртва“ е бабичка од 86-години од САД, Ен Братон, која мислела дека нашла инвестиција во која ќе вложи шест илјади долари и ќе заработи четири милиони. Не ни насетила дека зад огласот за купување „Трамп картички“, поради кој изгубила илјадници долари, можно е да стои група луѓе од малото гратче Велес во Северна Македонија, кој веќе стекна неславна репутација по користењето на името на поранешниот претседател на Америка.

    „Задолжително пишете за да ви бидат дадени конкретни упатства како да ги измамите Американците“, е една од пораките на македонски јазик од затворениот Телеграм канал до кој може да се пристапи само со одобрение на администраторот, а во кој има продавачи од Велес.

    По неколкумесечно истражување и инфилтрација во затворени групи на платформата Телеграм, Радио Слободна Европа (РСЕ) идентификуваше 69 луѓе кои создадоа лажни понуди за продажба на дебитна картичка со ликот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп (Trump). Новинарите пронајдоа и 88 веб-страници кои беа активни во моментот на пишување на истражувањето, преку кои се нудат различни производи на, како што е посочено, „американските патриоти“.

    Бројот на продавачи кои комуницираат со клиентите можно е да е многу поголем, бидејќи неколку затворени канали на Телеграм имаат во просек по околу 300 членови.

    Целата сторија прочитајте ја ОВДЕ

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img