More

    Таравари открива детали за внатрешните случувања во Алијансата за Албанците

    spot_img

    Ќе ја почитуваме секоја одлука која ќе ја донесе Судот оти сме сигурни дека и во Централното претседателство и во Централното собрание и кај членовите на Конгресот имаме мнозинство, изјави претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во интервју за Гласот на Америка околу последните случувања во партијата која се подели во два табора – едниот кој го поддржува Таравари, а другиот поранешниот претседател на партијата Зијадин Села.

    – Другата страна има и малку проблеми за да собере потписи за да докаже дека има две третини. Ним им требаат две третини, а нам ни треба само една половина. Имаме повеќе од половина, повеќе од 50 отсто од делегатите, од членовите на Централното претседателство. Ним им требаат две третини – што е невозможно. Тоа е фракција во Алијансата за Албанците којашто веќе неколку месеци е многу блиска до ДУИ, меѓутоа, сепак, и тоа е нивен легитимен став кој го почитувам – изјави Таравари.

    Тој во интервјуто вели дека Алијанса за Албанците како партија нема имот, но со Зијадин Села се договориле партиските простории кои им се под наем да ги поделат.

    – Имаше еден состанок пред повеќе од две недели каде што се видовме и уште еднаш се обидовме дали може, да речам, да ги испегламе разликите. Ние имаме две канцеларии (и) да нема конфликт, да не се случуваат недоразбирања, одлучивме во Скопје да ја користат тие канцеларијата, а во Тетово да ја користиме ние како официјално седиште на партијата. Меѓутоа имот нема ништо партијата – тоа се две канцеларии под кирија што ги плаќаме, а друго немаме нешто што да поделиме – рече Таравари.

    Тој останува на ставот дека претседателот на државата треба да се избере во Собранието оти така ќе се намалат трошоците, а сепак како што рече се работи за држава со парламентарна демократија, а не претседателски систем.

    Таравари дополни дека очекувал Ахмети да биде негов противкандидат, за како што рече да биде поинтересен политичкиот натпревар меѓу нив двајца.

    Неделава таборот на Арбен Таравари со претставка која ја поднесоа до Основниот суд Тетово и изјави на делегати заверени на нотар, ја започнаа правната борба за оспорување на вонредниот конгрес на Зијадин Села, на кој Таравари беше разрешен од лидер на партијата.

    По двата вонредни конгреси на партијата пак приврзаниците на Села материјалите од конгресот ќе ги пратат во Централен регистар, за Села да биде регистриран за нов лидер на Алијансата.

    Оваа (очекувана) разврската следи откако Таравари, како актуелен претседател, и Села како негов претходник, ја поделија партијата и се разидоа по прашањето дали Алијанса да настапи на претстојните претседателски и парламентарни избори – самостојно или во коалиција со опозициските партии на Албанците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img