Напаѓачот на Бордо, Алберт Елис, ја загуби свеста за време на натпреварот од Лига 2 со Генгамп (1:0).
Немилиот настан се случи во првите минути од вчерашниот натпревар. Дваесет и осумгодишниот Хондурас падна на земја откако беше удрен во главата за време на жесток дуел. На фудбалерот му беше укажана лекарска помош осум минути, по што беше пренесен во болница.
Според „The Sun“, Елис е ставен во индуцирана кома и сега е во стабилна состојба.
Оваа сезона Елис одигра 20 натпревари на кои постигна пет гола и две асистенции