Хутите нападнаа товарен брод кој зад себе остави големо излевање на нафта во Аденскиот залив, а Соединетите Американски Држави во петокот го оценија како еколошка катастрофа која може да се влоши, пренесува „Јутарњи лист“. Товарниот брод „ Рубимар “ пловел под знамето на Белизе, управуван од Либан и носел запаливо вештачко ѓубриво.
Бродот мирува по ракетниот напад за кој одговорноста ја презедоа јеменските бунтовници. Екипажот бил евакуиран во Џибути откако бродот бил нападнат од страна.
Вториот проектил ја погодил палубата на бродот, но не предизвикал поголема штета. Бродот е закотвен, водата полека навлегува во него, а нафтената дамка зад него е долга околу 30 километри.
Во моментот на нападот, бродот „Рубимар“ превезувал повеќе од 41.000 тони вештачко ѓубриво, кое можело да биде „исфрлено“ во Црвеното Море и да ја влоши ситуацијата. Откако Хутите почнаа да напаѓаат комерцијални бродови, нападот на Рубимар предизвика најголема штета.