Никола Јокиќ влезе во историјата на НБА во победата на неговиот тим Денвер нагетс против Вашингтон визардс со 130-110.
Српскиот центар запиша уште едно историско достигнувања во книгата на легендите на НБА лигата и уште еднаш го потврди статусот меѓу најголемите играчи кои зачекориле на кошаркарскиот терен.
Јокиќ го оствари 121-от трипл-дабл во кариерата, прв против Вашингтон визардс и со тоа стана третиот играч во историјата кој постигнал трипл-дабл против секоја НБА екипа против која играл.
Претходно тоа успеаја да го направат само Расел Вестбрук и Леброн Џејмс.
Србинот го заврши натпреварот со 21 поен, 19 скока, 15 асистенции, притоа шутираше неверојатни 100% од поле, 10 од 10. Така Никола Јокиќ стана првиот кошаркар кој има 20+ поени, 15+ скокови и 15+ асистенции со 100% шут од поле и оставри нешто што не му успеало на ниеден друг кошаркар пред него во лигата која трае 78 сезони.