Регулаторната комисија за енергетика ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% .
Според одлуката, за 2 денара се намалува цената на дизелот и тој од полноќ ќе се продава по цена од 78,50 денари по литар.
Цената на останатите горива е непроменета, па така цената на „еуросупер -95“ останува 83 денари по литар, на „еуросупер- 98“ е 85,50 денари.
Останува и цената на масло за горење на 77,50 денари по литар, и цената на мазутот која изнесува 42,901 денари по килограм.