Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев вчера на Граничниот премин Богородица, ги пречека новите 140.000 обрасци за пасоши, демонстрирајќи го концептот „МВР за Граѓаните“ на дело.
Покрај оваа пратка од 140.000 обрасци, тој најави дека за многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци, со што ќе се комплетира бројката од 225.000 обрасци.
– Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со обрасците што ќе стасаат до крајот на месецот ќе бидат вкупно 1.734.600. За многу скоро време ќе пристигне уште една пратка од 85.000 обрасци. Со тоа, како што најавив, бројката од 225.000 обрасци се комплетира. Досега се пристигнати 1.509.600 обрасци за патни исправи, а со овие што ќе стасаат до крајот на месецот ќе бидат 1.734.600 – рече Бојмацалиев.
Бојмацалиев апелира до сите граѓани навремено да ги поднесат своите барања за промена на своите пасоши.