Почеток на развој на првиот интегриран локален развоен план (ИЛРП), за период 2024 – 2027 година, беше означен во Општина Дебрца каде претставниците на SEG Holding пред градоначалникот на општината ја презентираа методологијата на изработка на мета-планот за развој на целата општина.
Положбата на Општина Дебрца дава голема можност за туристичко-рекреативни активности, притоа, водејќи сметка за зачувување на природата. ИЛРП ќе ги дефинира сите начини за одржливост на природните ресурси, обезбедување на услови за раст на бројот на туристите и задржување на луѓето во општината.
Оваа активност се спроведува во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“, финансирана од Швајцарската влада преку Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерство за локална самоуправа а ја кофинансира и спроведува UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.
#ЗајакнувањеНаОпштинскитеСовети #ГраѓанитеНаПрвоМесто #CHinMK #SDGs
Изработката на интегрираниот локален развоен план за општина Дебрца е прв стратешки документ кој се базира на инклузивен – партиципативен пристап на локалната лидерска група и трите носечки столба на локалниот економски развој- : приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор. Четири годишната визија за развој на општина Дебрца се формира преку метод на анализа за конкретните проблеми, потреби и можности кај релевантните општествени чинители во општината. Така, преку прибирање на информации со методологија се формира база на потенцијални проекти од кои се формираат мерки и приоритети кои се групираат во стратешки цели чија реализација ќе претставува остварување на визијата за изгледот на општина Дебрца по истекот на 4 години.
Примарната цел на овој стратешки документ е разложување на визијата за просперитетна и економски силна општина на ниво на проекти, со што би се имал сеопфатен документ за презентација и промоција пред инвеститорите. Исто така, овој документ ќе послужи како база на проекти со кои би се аплицирало за грантови и донации пред домашни и странски институции и фондации. Оваа намена на интегрираниот локален развоен план е посебно важна за руралните и релативно финансиски слаби општини како општина Дебрца, кои повеќе од 90% од своите проекти ги реализираат преку грантови од надворешни донатори.