More

    ПРОФЕСОРИ БАРААТ ДА ПРИСУСТВУВААТ НА СОБРАНИСКА СЕДНИЦА

    spot_img

    Здружението на инженерите информира дека од сите собраниски тела побарало нивни членови да присуствуваат на 140. пленарна седница на Собранието на која по скратена постапка се разгледуваат законите за 4 стратешки инвестиции во енергетиката.

    Посебен интерес, како што наведуваат, Здржуението има за енергетскиот инвестициски проект „Митилинеос когенеративна гасна централа“.

    Оттаму велат дека до сега не добиле одговор од Собранието и од собраниските тела.

    Основа за нивното барање е  членот 122 став 2 од деловникот на Собранието, а бараат нивни претставници да го изнесат нивното мислење.

    Денеска на пленарна седница на Собранието закажана е расправата по предлог законите за стратешките инвестициски проекти Соларен парк „Стипион“, Соларна електрична централа Пехчево, „Аим грин тек“ и „Митилинеос когенеративна постројка Скопје“ (по скратена постапка).

    Министерот за економија Крешник Бектеши поради забелешки на текстот на законите за две стратешки инвестиции најави дека ќе побара владата да ги повлече законите, но нема информација дали тоа се случило на последната седница на владата. Со оглед дека на денешната седница сите 4 закони за стратешки инвестиции се на дневен ред на продолжението на 140. пленарна седница, може да се заклучи дека владата не ги повлекла овие закони.

    Собранието за денеска има закажано продолженија на 5 пленарни седници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img