More

    Ердоган најави нова ера во турското воздухопловство

    spot_img

    Турција достигна уште еден клучен праг во производството на својот борбен авион од петта генерација, со оглед на тоа што авионот „КААН“ од домашно, турско производство, успешно го изврши својот прв пробен лет, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави Анадолија.

    – Доживеавме еден од гордите денови на турската одбранбена индустрија. Нашиот домашен борбен авион „КААН“ денес успешно го заврши својот прв лет. Турција премина уште еден клучен праг за производство на борбен авион од петта генерација – изјави Ердоган на собир во западната турска област Афјонкарахисар.

    Ердоган додаде дека турскиот борбен авион полета и покрај „оние што со презир го споредуваа со радијатор“ и оние што се обидуваа да го „саботираат“ проектот.

    Турскиот борбен авион „КААН“ успешно го изведе својот прв лет. Со националниот борбен авион „КААН“, Турција ќе биде една од петте земји кои можат да произведуваат авиони на ова ниво (5. генерација).

     

    „КААН“, борбен авион произведен во Турција, успешно го изврши својот прв пробен лет денес, соопшти Турската аеровселенска индустрија (ТАИ).

    Првиот борбен авион од петта генерација произведен во Турција има цел да ја замени застарената флота на турската армија.

    Најновиот развој ја прави Турција една од ретките земји што ја поседува оваа технологија, јави Анадолија.

    Авионот, според проектот почнат во 2016 година, за првпат беше претставен пред јавноста во март минатата година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img