Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека по заземањето на Авдеевка Русија се подготвува да го направи следниот чекор што значи напад на Киев.
– Авдеевка е уште еден чекор кон победата. Мислам дека ќе продолжиме да одиме напред со големи чекори до Киев – рече Кадиров
Кадиров нагласи дека украинските сили „пукале врз цивилите во Донбас“ од Авдеевка и дека е многу важно да се преземе контролата врз ова село, кое се наоѓа северно од Доњецк.
– Не е само Авдеевка! Беа окупирани и неколку други блиски села. Секој сантиметар земја што ја окупираме ни е неопходен, имајќи предвид дека има бандити, терористи и сатана. Ништо не им е свето, затоа мора да бидат уништени. Тие бандити, удираат цивили! – откри Кадиров.