More

    Алкараз открива кои му биле натешки порази во кариерата

    spot_img

    Карлос Алкараз го заврши учеството на АТП турнирот во Рио, каде по само два гема беше принуден да му го предаде мечот на Тиаго Монтеиро поради повреда

    Пред мечот Алкараз даде интервју за шпанскиот весник Марка во кое зборува за сезоната, за Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер како негови најголеми конкуренти, за тоа кој е најдобриот на сите времиња во белиот спорт, но исто така и за неговите најтешки порази во кариерата.
    Алкараз истакнува дека Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња според бројки и се согласува со Рафаел Надал, кој неодамна даде таква изјава во едно интервју.

    – Секој има свој поглед на работите. За едни Ѓоковиќ е најдобар, за други Рафа, за други Федерер. Рафа рече дека Ѓоковиќ е најдобар според бројките, а и јас така мислам. Според бројките Ѓоковиќ е најдобар во историјата, во тоа нема сомнеж. Верувам дека приказната за тоа кој е најдобар е нешто што ги надминува бројките. Сите тројца се тука и за мене сите тројца се големи – изјави Алкараз.

    20-годишниот шпански тенисер истакна дека посакува и тој да стигне до бројката од 24 Грен слем титули во кариерата, истакнувајќи дека тоа е фантастична бројка во професионалниот тенис.

    – Да се ​​има 24 Грен слем титули е премногу за очекување. Тоа е нешто што го посакувам, кој не би го сакал тоа, уште повеќе, но тоа е предалеку за размислување – истакна Алкараз.

    Шпанецот откри и кога му било најтешко на терен и после кој пораз заврѓил со солзи.

    -Имаше натпревари и порази кои ме погодија, како оние од Зверев и Ѓоковиќ во финалето на АТП, против Џари во Буенос Аирес…Не сум сигурен, но мислам дека заплакав по поразот од Ѓоковиќ во полуфиналето во Торино – откри Алкараз.

    По откажувањето во Рио, Алкараз треба да одигра егзибициски меч против Рафаел Надал во Лас Вегас на 3 март, доколку и двајцата се здрави.

    – Секако дека би сакал, каде и да е. Би сакал повторно да се соочам со него, да се натпреварувам против него, уште еднаш или двапати – истакна Алкараз за претстојниот дуел со Надал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img