More

    Кина го коментира ветото на САД за резолуцијата во Обединетите Нации

    spot_img

    Кина денеска предупреди дека одлуката на САД да стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации со која се повикува на итен прекин на огнот во Појасот Газа го турка конфликтот во „уште поопасна“ ситуација, пренесе Би-Би-Си.

    Потпаролката на кинеското МНР, Мао Нинг, додаде дека новото вето на САД испратило „погрешна порака“ и дало „зелено светло за продолжувањето на колењето“.

    Од друга страна, Белата куќа соопшти дека резолуцијата предложена од Алжир ќе ги „загрози“ разговорите за ставање крај на војната.

    Сојузниците на САД исто така го критикуваа овој потег. Францускиот претставник во ОН Николас де Ривиер изрази жалење што резолуцијата не е усвоена „со оглед на катастрофалната ситуација на теренот“.

    Највисокиот алжирски дипломат на ОН изјави дека „за жал Советот за безбедност уште еднаш не успеа“.

    – Испитајте ја вашата совест, како ќе ве суди историјата – изјави Амар Бенџама.

    Линда Томас-Гринфилд, амбасадорката на Вашингтон во ОН, рече дека не е вистинско време да се повика на итен прекин на огнот додека продолжуваат преговорите меѓу Хамас и Израел.

    Нејзината колешка од Велика Британија, Барбара Вудворд, рече дека планот „всушност би можел да го направи прекинот на огнот помалку веројатен“ со загрозување на разговорите.

    Израел ги започна своите операции во Газа по нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, при што беа убиени околу 1.200 луѓе, а повеќе од 240 други беа земени како заложници.

    Ставајќи вето САД предложија своја привремена резолуција за прекин на огнот. Во резолуцијата САД го предупредуваат Израел да не го напаѓа градот Рафа на крајниот југ на границата со Египет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img