Судот во рускиот град Салехард најави дека на 4 март зад затворени врати ќе одлучи по барањето на Људмила Навални (69), мајка на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, да го предаде телото на нејзиниот син, кој почина во затвор во петокот на 16 февруари.
Људмила Навални од саботата се обидува да го пронајде телото за кое тврди дека не знае каде е. Таа го замоли рускиот претседател Владимир Путин да и го предаде телото, за да може достоинствено да го погреба својот син.
„Петти ден не можам да го видам. Не сакаат да ми го предадат неговото тело. Не ми кажуваат ни каде е. Решението за овој проблем зависи исклучиво од вас. Дозволете ми конечно да го видам мојот син. Барам телото на Алексеј веднаш да ми биде предадено, за да можам да го погребам како човек“, рече Људмила Навалња во видео пораката до Путин.
Властите тврдат дека причината за смртта на Навални се уште не е позната и одбиваат да го предадат телото во следните две недели, бидејќи истрагата е во тек.