Русија ги демантираше тврдењата на вдовицата на Алексеј Навални дека тој бил отруен со нервниот агенс Новичок. Да потсетиме, Јулија Навални во видео изјава го обвини Владимир Путин дека го убил сопругот и го сокрила неговото тело за да исчезнат трагите од отровот.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател не го видел видеото и нема да коментира, со оглед на тоа што г-ѓа Навални неодамна остана вдовица, но тој ги негираше наводите за Новичок.
„Се разбира, ова се апсолутно неаргументирани, одвратни обвинувања против шефот на руската држава“, рече тој.
„Но, имајќи предвид дека Јулија Навални стана вдовица пред само неколку дена, ќе ги оставам обвинувањата без коментар. Не сум запознаен со оваа изјава. Но, ако содржеше такви зборови, тоа не се ништо повеќе од неосновани обвинувања, бидејќи со ништо не се поткрепени, не се потврдуваат“, рече Пресков.
Да потсетиме, Јулија Навални во деветминутната видео порака го обвини Путин за убиство на нејзиниот сопруг и рече дека и го отсекол половина од срцето.
„Сакам да живеам во слободна Русија, сакам да изградам слободна Русија“, рече таа и додаде дека ќе продолжи со неговата работа.