Властите во Кремљ денеска го отфрлија барањето за независна обдукција на останките на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. Советот на Европската унија вчера повика на независна обдукција, наведувајќи дека Русија треба да дозволи транспарентна меѓународна истрага за околностите на неговата ненадејна смрт.
„Неочекуваната и шокантна смрт на Навални е уште еден знак за систематска репресија во Русија“ – соопшти Советот.
Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков денеска го одби повикот од Советот ЕУ.
– Русија не прифаќа такви барања од Европската унија – рече Песков, пренесува ABC News.