Во Шведска, учениците учат вештини за преживување и издржливост преку обука во студена вода на замрзнати езера. Така наводно се соочуваат со предизвиците, учат за почит кон природата и за придобивките од изложувањето на студ, пишува „Би-Ен-Ен Брејкинг“.
Група ученици скокаат во студените води на замрзнатото езеро, не само поради возбуда, туку и како дел од иновативна едукативна програма. Оваа иницијатива, со цел, децата да научат вештини за преживување и да ја поттикне отпорноста во екстремни услови, ги преобликува традиционалните норми на активности на отворено во училиштата.
Под надзор на обучени инструктори, овие млади авантуристи учат да се движат низ суровата зима.
Инструкторите истовремено се грижат за нивната безбедност.
Прегратка на студот: Нова граница во образованието
Концептот на обука со студена вода, кој често се смета за практика за искусните и смелите, влегува во образовната програма на шведските ученици.
Оваа програма, поддржана од локалните образовни власти, е повеќе од само шок и стравопочит кон потоптувањето во студена вода, според иницијаторите на програмата.
Иницијативата наводно го поттикнува авантуристичкиот дух и ги учи децата на вредноста на излегувањето од нивната комфорна зона.
Науката и безбедноста зад студот
Иако идејата за фрлање во ледена вода е застрашувачка за многумина, оваа програма наводно е безбедна и научно поддржана. Обучени инструктори внимателно ја водат и ја планираат секоја сесија. Децата постепено се навикнуваат на студот и учат како да го издржат почетниот шок.
Овој методски пристап обезбедува максимални придобивки од изложеноста на студ, вклучително и подобрена циркулација, зајакнат имунолошки систем и зајакнат ум, според иницијаторите на програмата.
Сепак, потребни се повеќе истражувања кои би ја покажале медицинската оправданост на ваквиот вид на тренинзи.
Холистички пристап кон образованието
Оваа уникатна програма во Шведска се базира на холистички пристап кон образованието. Учењето е надвор од ѕидовите на училницата во огромната и отворената училница на природата.