Рускиот претседател Владимир Путин наводно е во нова љубовна врска со историчарка на уметност образована во Лондон, пренесуваат руските опозициски канали Телеграм.
Социјалните мрежи во Русија и Украина ги искористија тврдењата дека 71-годишниот Путин нашол има нова љубов. Се вика Катја Мизулина и е ќерка на сенаторката Елена Мизулина.
„Се чини дека 40-годишната олимписка гимнастичарка Алина Кабаева, со која Путин наводно има неколку деца, не му била доволна на Путин кој сега на 71-годишна возраст наводно нашол малку помлада љубовничка“, пишува Дејли мејл, додавајќи дека Путин ја заменил Кабаева за помлад модел.
Путин се разведе од сопругата Људмила во 2013 година, а уште тогаш се шпекулираше дека имал две афери и најмалку едно вонбрачно дете.
Поранешната чистачка Светлана Кривоногих, која преку ноќ се збогати и се всели во луксузен пентхаус во Санкт Петербург, прва ги подгреа ваквите сомнежи, а многумина веруваат дека нејзината 20-годишна ќерка Луиза Розова е вонбрачното дете на Путин.
Која е Катја Мизулина?
Медиумите ја нарекоа „руската барбика“. Катја, ќерка на сенаторката Јелена Мизулина и професорот Михајло Мизулина кој работи во Москва, дипломирала на Факултетот за ориентални и африкански студии на Универзитетот во Лондон во 2004 година.
Се верува дека Мизулина има голем број контакти со Федералната служба за безбедност, со оглед на нејзината улога во Лигата за побезбеден Интернет.
Таа влезе во очите на јавноста во 2017 година, кога беше назначена за директор на Руската лига за безбеден интернет и набргу стана водечка фигура во областа на цензурата. Оваа организација, во која ултранационалистичкиот олигарх Константин Малофеев вложува неописливи суми пари, официјално е посветена на заштита на младите корисници на Интернет од потенцијално штетни содржини како експлицитно насилство и порнографија, пишува Дејли мејл.
Но, според весникот, во реалноста, Мизулина презеде клучна улога во системот кој ги ограничува слободите на корисниците на Интернет и ја отстранува секоја содржина за која се смета дека ги предизвикува официјалните наративи на Кремљ.
Иако Лигата за побезбеден интернет нема „официјална моќ“ како „Роскомнадзор“, неколку музичари, инфлуенсери и антивоени активисти се најдоа на удар на Мизулинова. Тие беа принудени да ја напуштат земјата или да издаваат јавно извинување и да ја цензурираат нивната содржина за да се усогласат со „традиционалните вредности“, се вели во извештајот.
Мизулина учествувала во казнувањето на неколку руски ѕвезди кои присуствувале на „речиси гола забава“ во ноќен клуб во Москва на крајот на минатата година, што наводно го налутило Путин за време на војната.
– Да се одржуваат вакви настани во време кога нашите момчиња умираат во украинската специјална воена операција и многу деца ги губат своите татковци е цинично – рече Мизулина по забавата, додавајќи дека „војниците на линијата на фронтот дефинитивно не се борат за ова“.
Претходно овој месец, Мизулина излезе на насловните страници кога рече дека руската влада најверојатно ќе ги забрани ВПН-ите, алатка што руските граѓани ја користат за прелистување на Интернет без државна контрола. Се шпекулира дека на Мизулинова ѝ се допаднал Путин токму поради тоа, наведува Дејли мејл и додава дека наводниот пар сѐ уште никаде не е фотографиран заедно, за разлика од Кабаева со која во многу наврати се фотографирал рускиот претседател.
Активистката за човекови права Олга Романова, експерт за затворскиот систем каде во петокот почина опозицискиот лидер Алексеј Навални, рече дека Катја била токму по вкусот на Путин.
– Овој тип на „барбики“ секогаш многу му одговараше. Путин има 71 година. Општо земено, човекот е во полн цут, зошто не? А Катја Мизулина има 39 години… да не заборавиме дека и таа е за „традиционални вредности“ исто како Алина Кабаева – наводно изјавила Романова.