Објавени пресудите за „Плацови на Водно“

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Никола Груевски е осуден на вкупна казна затвор од 7 години и да плати 3.500 евра во случајот „Плацови на Водно“.

Јордан Камчев за перење пари е осуден на 1 година затвор во која му се засметува времето поминато во притвор. Ненад Јосифовиќ за перење пари доби условна осуда од казна затвор 2 години.
Ристо Новачевски за перење пари е осуден условно на 2 години во кое му се засметува времето поминато во притвор. Сашо Мијалков за перење пари е осуден на 1 година и три месеци, во која му се засметува времето поминато во притвор.

– Ниту еден од нив не направил за себе корист, туку помогнал Никола Груевски да се прибави со лична корист што им се зема како олеснителна околност – рече судијата Илија Трпков при изрекувањето на пресудата.

Судијата го окарактеризира делото како криминалитет на белите јаки.

Истовремено се конфискува недвижен имот од „Лајв кер центар“ од 4.470 м2 во Шербетница, плац од 4.923 м2 во Шербетница, плац од 750 м2 во Шербетница. Од „ИТК инженеринг груп“ се конфискува стан од 57 м2, плац од 2.729 м2, од Новачевски градежни парцели во Крушево.

Судијата образложи дека Никола Груевски присвоил 1.300.360 евра добиени за финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и ги пуштил во оптек, во тоа му помогнал Сашо Мијалков, а тоа го сториле и Јосифовиќ и Новачевски иако знаеле како се прибавени. Груевски е обвинет дека ја прикрил сопственоста на имотот и како службено лице дал непотполни податоци во анкетниот лист за имотот кој го поседувал и го стекнал.

– Не пријавил дека се стекнал со стан на улица Павел Шатев, кој се водел на Татјана Стојановска, стан на улица Павел Шатев во вредност од 60.000 кој се водел на ИТК Инженеринг груп, градежно земјиште со површина од 2.729 м2, вредно 7,3 милиони денари кое се водело на ИТК Инженеринг груп, како и имот во Крушево кој фиктивно се водел на Ристо Новачевски – рече судијата.

За Ратка Куновска Камчева обвинението во овој случај е застарено.

– Очекував сите обвинети да признаат вина и да се ѝ извинат на македонската јавност. Од секого ќе биде конфискувано сѐ што е нелегално стекнато и вратено на граѓаните – рече судијата пред изрекувањето на пресудата.

- Advertisement -
Ad image

Судската постапка за „Плацеви на Водно“ траеше 9 месеци. Сите обвинети беа присутни на изрекувањето на пресудата освен првообвинетиот Никола Груевски, кој е во бегство, и неговиот адвокат поставен по службена должност.

Share This Article